Свет ОН бараат да се одблокира Јемен, на луѓето им се заканува глад

ОН бараат да се одблокира Јемен, на луѓето им се заканува глад

Обединетите нации ја повикаа коалицијата предвидена од Саудиска Арабија, која го запре доставувањето хуманитарна помош во Јемен, да ја оконча блокадата.

ОН предупредуваат дека околу седум милиони луѓе може да бидат погодени од глад.

– Доколку овие канали, кои значат живот, не бидат отворени, ќе биде катастрофално за луѓето кои се во регионот, погоден од најголемата хуманитарна криза – рече портпаролот на хуманитарната канцеларија на ОН, Јенс Ларк, пред новинарите во Женева.