Свет Европа Оланд нема да се кандидира за претседател по вторпат

Оланд нема да се кандидира за претседател по вторпат

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека нема повторно да се кандидира за претседател, пренесуваат светските медиуми.

За време на телевизиското обраќање, тој нагласил дека е свесен за ризикот кој го носи неговата одлука и предупредил на опасностите кои го следат десничарското движење Национален фронт.

Оланд е првиот претседател во историјата на модерна Франција кој нема да побара втор мандат.