Дописници Охриѓанец криел и препакувал марихуана за продажба

Охриѓанец криел и препакувал марихуана за продажба

СВР од Охрид му поднесе кривична пријава на 34-годишниот охриѓанец А.П., кого го товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени се и одземени се две мали кеси со 26 хартиени пакувања опојна дрога марихуана.

Претресот и пронаоѓањето на марихуаната се реализирани по добиени оперативни информации дека А.П. набавил опојна дрога и во неговиот дом ја препакувал во помали количества, наменети за понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид.

Дел од марихуаната, пријавениот А.П. ја користел за лична употреба.