Култура „Охрид СОС“: На Плаошник се гради врз културно наследство

„Охрид СОС“: На Плаошник се гради врз културно наследство

На Плаошник се гради врз недоиспитана културна оставина, обвинуваат од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, од каде повторно ја актуелизираат ситуацијата со градењето на импозантни градежни објекти на Плаошник.

– Каква небулоза! Се гради така што се уништува природата и се навлегува во шуми. Се узурпира преубавиот поглед кој сега ќе биде недостапен за локалните жители – велат од „Охрид СОС“.

Тие додаваат дека во УНЕСКО се згрозени од тоа што му се случува на Охрид.