петок, 7 август, 2026
Meta.mk

Ознака: Плаошник | 14 резултати

„Охрид СОС“: Авантуристичка е идејата да се гради авантуристички парк кај Плаошник

ноември 1, 2016

Авантуристичка е идејата да се гради авантуристички парк кај Плаошник, предупредуваат еколошките организации од Охрид. Од „Охрид СОС“ се против идејата на Општина Охрид да гради авантуристички парк во шумата кај Плаошник, над плажата Лабино. Оттаму велат дека проектот „Вотернет“ (Waternet), кој во рамки на погранична соработка и заеднички го спроведуваат Охрид и Воден, е со […]

Авантуристички парк кај Плаошник, нова авантура на локалната власт

октомври 31, 2016

Во боровата шума кај Плаошник, над плажата Лабино во заштитеното градско јадро, на површина од околу 500 квадратни метри, Oпштина Охрид сака да гради авантуристички парк со реквизити за забава и за рекреација, пишува порталот „Охрид њуз“. Надлежните уверуваат дека авантуристичкиот парк нема да го наруши амбиентот бидејќи сите реквизити ќе бидат од природни материјали, за […]

„Охрид СОС“: На Плаошник се гради врз културно наследство

септември 23, 2016

На Плаошник се гради врз недоиспитана културна оставина, обвинуваат од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, од каде повторно ја актуелизираат ситуацијата со градењето на импозантни градежни објекти на Плаошник. – Каква небулоза! Се гради така што се уништува природата и се навлегува во шуми. Се узурпира преубавиот поглед кој сега ќе биде недостапен за локалните жители – велат од […]

Инвестицијата на универзитетот „Св. Климент“ на Плаошник надмина 12 милиони евра

март 28, 2016

Вкупната вредност на универзитетот „Св. Климент“ на Плаошник во Охрид, ја надмина сумата од околу 12 милиони евра. Управата за заштита на културното наследство одвои нови 59 милиони денари за довршување на овој капитален зафат, на кој е предвидено да се завршат ѕидарските работи на објектите од комплексот. Градежниот дел на комплексот е во финална […]

Канческа-Милевска: Светиклиментовиот универзитет ќе му даде духовна димензија на Охрид

септември 22, 2015

Изминативе неколку месеци, со средства на Министерството за култура во висина од 2,8 милиони денари, реализиран е проектот за конзервација и за санација на ѕидните платна од летната сцена Долни сарај во Охрид, кои се надвиснати над Охридско Езеро. – Во рамките на втората фаза, се изврши целосна санација на скалите што ја поврзуваат сцената Долни […]

Иванов денеска на Плаошник ќе ги додели инженерските прстени

јуни 5, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти од инженерските факултети. Церемонијата на доделувањето на признанието ќе се одржи на платото пред Светиклиментовиот храм „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 19 часот. Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ се одржува секоја година во Охрид, […]

Охрид: Во петок расправа за Плаошник и за Студенчишко блато

март 23, 2015

Советот на Општина Охрид, в петок, 27 март, конечно ќе расправа по предлог – заклучокот за усвојување на информацијата за реализација на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник, како и за информацијата за текот и за постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато. Расправата ја побара советникот од ЛДП, Дејан Блажески, а се придружија и […]

Опозициските советници побарa расправа за Плаошник и за Студенчишко блато

март 21, 2015

Опозициските советници во градскиот Совет на Охрид доставија и официјално барање до претседавачот на Советот, Гордана Коњаноска, на 38. седница, на дневен ред да бидат ставени како посебни две точки, информација за реализација на ДУП кај локалитетот Плаошник и информација за урбанистичките планови за Студенчишко блато. Расправата за наведените точки беше иницирана и на последната […]

Скопската фирма „Инвест билдинг“ ќе ја гради зградата под Плаошник

март 15, 2015

Советникот од ЛДП, Дејан Блажески, откако се посомневал дека локалната самоуправа го крие купувачот на атрактивната локација во старото градско јадро, под Плаошник и пред црквичката „Св.Јован Канео“, побара од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, тој јавно да се произнесе. Бакрачески одговори дека локалната самоуправа ништо не крие и дека името на фирмата што го купила […]

Аукција на земјиште за станбени згради под Плаошник во Охрид!?

февруари 18, 2015

Партискиот разгранок на СДСМ од Охрид го повика градоначалникот Никола Бакрачески да ја прекине распродажбата на имотот на Охрид кај Плаошник, како што велат, по цена од смешни 25 евра. Од СДСМ обвинуваат дека Oпштина Охрид има намера да отуѓи 200 квадратни метри атрактивно државно градежно земјиште, односно да го продаде бадијала, без никакво образложение. Градежната […]

Страна 1 од 1