Дописници Охрид на листата најубави градови во поранешна Југославија

Охрид на листата најубави градови во поранешна Југославија

Охрид, заедно со градовите Љубљана, Загреб, Белград, Будва, Дубровник и Мостар, е меѓу најубавите градови во републиките на поранешната југословенска федерација.

„Градот Охрид се најде на листата на најубави градови во поранешна Југославија. Поради својата природна убавина и историја, Охрид е ставен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Речиси секој Македонец се обидува да оддели најмалку еден викенд од годината за да го посети Охрид и да ужива во неговите убавини“ пишува хрватското списание специјализирано за туризам „Типтравел магазин“ (tiptravelmagazine).