Дописници Охрид го чествува денот на ослободувањето од фашизмот

Охрид го чествува денот на ослободувањето од фашизмот

Охрид вчера со одржаниот свечен Седмоноемвриски концерт на учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“, ги почна чествувањата по повод 7. ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Денеска напладне, ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата од НОБ во градскиот парк во Охрид, по што, во 13 часот е закажана свечената седница во Општината, каде обраќања ќе имаат претставници на локалната самоуправа и на Сојузот на борците од НОБ.

Седмоноемврискиот, традиционален, ученички атлетски крос, на патеката од хотелот „Ројал“ до градскиот плоштад, во организација на Општина Охрид и на Сојуз на училиштен спорт, ќе се одржи утре во 14.30 часот.

Вечер, во 18 часот, во спортската сала „Билјанини извори“ е закажана свечената приредба по повод патрониот празник на детската градинка „Јасна Ристеска“.