Дописници Оер: Како на 5 јуни би имало избори кога нема услови?

Оер: Како на 5 јуни би имало избори кога нема услови?

Француската амбасадорка, Лоренс Оер, денеска за време на посетата на Битола изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и порача дека мора да се најде решение.

– Политичката криза во Македонија нè загрижува сите, особено мене затоа што доаѓам од Франција, една од државите основачи на Европската Унија. Штета е што на 9 мај треба да ја славиме Европа во ситуација кога сме загрижени за Република Македонија и си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата. Се прашуваме како на 5 јуни би имало избори кога условите сè уште не се усогласени помеѓу политичките партии, листите не се подготвени и навистина мора да се излезе од оваа криза – изјави француската амбасадорка.

Оер ги посети француските гробишта во Битола, каде се одбележуваше 8 Мај, крајот на Втората светска војна.