fbpx
Таг: Лоренс Оер

таг: Лоренс Оер

Оер: Франција тагува, но нема да попушти во борбата против тероризмот

Денеска Франција тагува поради терористички напад, изјави  француската амбасадорка Лоренс Оер во француската резиденција, по повод синоќешниот напад во Ница. - Сите денеска сочувствуваат со Франција. Многумина сè уште трагаат по своите најмили - рече Оер. Амбасадорката соопшти дека се во контакт со македонската амбасада во Париз и оти засега нема информации за настрадани Македонци. - Бевме во контакт со амбасадата во...

Манчевски со Оер: Исполнувањето на условите за избори е решение за кризата

Исполнувањето на условите за фер и демократски избори е клучно за решавање на политичката криза, преку прочистување на избирачкиот список и реформа во медиумите, истакнал потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната средба со амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, претставникот на дирекцијата за стратешки прашања при француското министерство за одбрана, Рено Дорлиак, и со потполковник Александер Ноел,...

Оер: Како на 5 јуни би имало избори кога нема услови?

Француската амбасадорка, Лоренс Оер, денеска за време на посетата на Битола изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и порача дека мора да се најде решение. - Политичката криза во Македонија нè загрижува сите, особено мене затоа што доаѓам од Франција, една од државите основачи на Европската Унија. Штета е што на 9 мај треба да ја славиме Европа во...

Оер: Сега на ДИК ѝ претстои суштинска работа

Сега ѝ претстои суштинска работа на Државната изборна комисија (ДИК), затоа што кај нив треба да се спроведе најголемата работа, односно за еден месец пред одржувањето на изборите да се добие избирачки список што ќе биде стабилен и прочистен и во кој сите гласачи ќе имаат доверба, истакнала француската амбасадорка Лоренс Оер на отворениот ден со граѓаните на Струмица,...

Лоренс Оер: Специјалното обвинителство треба да работи ослободено од притисоци

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“. - Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту...

Вицепремиерот Бесими и амбасадорката Оер потпишаа писмо за соработка

Заменик претседателот на Владата, Фатмир Бесими, и амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, потпишаа писмо за зајакнување на техничката соработка помеѓу двете земји. „Оваа соработка ги опфаќа присуството на францускиот експерт за европски прашања, Бертранд Милет, во Секретаријатот за европски прашања и билатералната поддршка во понатамошното усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, јакнење на институционалните капацитети, вклучувајќи...

„Вила Зора“ ја доби наградата за човекови права од Амбасадата на Франција

По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, Амбасадата на Франција му ја додели наградата за човекови права на Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес. Наградата ја прими Ненад Коциќ, претседател на друштвото. Француската амбасадорка Лоренс Оер рече дека оваа година одлучиле наградата да ја доделат за човековото право да се има здрава животна средина и здраво опкружување. - Улогата...

„Е-општество“: Мора да има рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност

Треба да се постигне рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност, е заклучокот од денешната единаесетта меѓународна конференција „Е-општество“, посветена на слободата и на приватноста на интернет, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и на Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, вели дека интернетот...

Денеска конференција „Е-Општество“ за слобода и за приватност на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што се одржува денеска во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Конференцијата ќе се...

Утре конференција „Е-општество“ за слобода и за приватност на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што ќе се одржи утре во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Бардил Јашари,...

Престижен француски орден за Гордана Јосифова-Неделковска

Музичкиот селектор на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција, „Витез од редот на уметности и на книжевноста“. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција ѝ го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот придонес во ширењето на француската култура и на уметноста, односно нејзините достигнувања во промоцијата на уметноста во...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...