Македонија Од утре нова измена во возниот ред на патничките возови

Од утре нова измена во возниот ред на патничките возови

Од Железници на РСМ – Транспорт информираат дека од утрешниот ден ќе има нова измена во возниот ред на патничките возови. На релација Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќа по еден пар возови дневно, со поаѓање во Скопје во 6,57 часот и во Битола од 10,50 часот. Од Скопје за Гевгелија ќе има еден воз дневно, со поаѓање од Скопје во 6,23 часот, додека од Гевгелија за Скопје воз ќе има во 11,30 часот.

Покрај овие возови кон Гевгелија и Битола, на релација Скопје-Велес во работните денови ќе сообраќаат возови со поаѓања во 5,45, 9,15 и 12,40 часот. Од Велес за Скопје ќе има возови во 6,45, 11,30 и 13,44 часот. Во среда, 8 април ќе сообраќаат и возовите број 640 на релација Битола-Скопје и 661 на релација Кичево-Скопје.

Сите други возови кои се планирани во возниот ред за 2019/2020 година нема да сообраќаат, а патнички возови нема да има ниту за време на викендот. Новите измени во возниот ред доаѓаат откако владата одлучи да го продолжи полицискиот час во периодот од 16 часот до 5 часот наутро во работните денови, како и целосно да го забрани движењето на граѓаните во периодот на викендите.