Свет Балкан Од утре, Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Од утре, Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша, соопшти дека Црна Гора од утре ќе ги отвори границите со нашата држава, пренесува Цдм.ме.

„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, најавил Мугоша во утринската програма на телевизија Вијести.

Како што изјавил тој, денеска ќе биде оддржана онлајн седница на Националното координативно тело, на која ќе се дефинираат начините на влез во Црна Гора од споменатите држави, но, како што нагласил, најверојатно ќе биде потребен ПЦР негативен тест или серолошки ЕЛЕСА.