Свет Балкан Од 1 јануари 2023 година Хрватска ќе ја замени куната со еврото

Од 1 јануари 2023 година Хрватска ќе ја замени куната со еврото

Загреб. Фото: LBM1948 @ Wikimedia Commons

На денешниот состанок на Европскиот Совет, Хрватска го помина последниот чекор до влез во еврозоната, односно од 1 јануари 2023 година, таа ќе се придружи на 19 други земји што за своја валута ќе го има еврото.

По препораката од Европската Комисија претходно месецов, Европскиот Совет потврди дека Хрватска ги исполнила сите услови да ја замени својата сегашна валута, куната, со еврото, и со тоа ќе стане 20-тата членка на Еврозоната, каде што официјална е ЕУ валутата.