Македонија Од 1.697 тестирања, регистрирани 194 нови случаи на ковид-19

Од 1.697 тестирања, регистрирани 194 нови случаи на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, и регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2 и Неготино-1, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-8, Дебар-13, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-29, Струга-2, Велес-6, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-8, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-14, Крива Паланка-2, Радовиш-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-1, Виница-5 и Кичево-5.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 38 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, како и 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 175, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.977, бројката на оздравени пациенти е 14.959. Починаа 739 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.279.