Македонија Од 1.377 тестирања, 139 нови случаи на ковид-19, 534 оздравени и шестмина...

Од 1.377 тестирања, 139 нови случаи на ковид-19, 534 оздравени и шестмина починати

Во текот на изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се дури 534 пациенти оздравени од ковид-19 во едно деноноќие. Во исто време, со новите тестирања се утврдени уште 139 случаи, а од последиците на болеста, починале шестмина.

Од вкупно 139 нови случаи, од Скопје се 36, од Гостивар 16, од Кичево 15, од Тетово 14, од Куманово и Штип 11, а 5 нови случаи се од Кавадарци, од Виница се 6, а 2 нови случаи се регистрирани меѓу жителите на Пробиштип и Дебар. Нови 4 случаи има во Велес, а во Струга 8. По еден нов случај има во Прилеп, Струмица, Крушево, Кочани, Македонски Брод, Свети Николе и Ресен.

Истовремено, регистрирани се 534 оздравени пациенти, односно од Скопје: 353, Куманово: 61, Дебар: 17, Штип: 27, Прилеп: 5, Тетово:17, Струга: 4, Велес: 4, Охрид: 3, Гостивар: 14, Струмица: 4, Крушево:1, Кочани: 2, Пробиштип: 8, Свети Николе: 5, Кичево: 7 и Ресен: 2.

Починати се шест лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти починаа во болнички услови, а еден во вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.0754, бројката на оздравени пациенти е 6.554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.714.