Свет Европа Обвинет терорист кој држел жена и дете како заложници во Брисел

Обвинет терорист кој држел жена и дете како заложници во Брисел

Белгиското обвинителство подигна обвинение за учество во активности на терористичка организација против Абдераман А., кој во средата беше уапсен во бриселскиот кварт Шарбек, јавуваат белгиските медиуми.

Уапсениот, во моментот на апсење држел заложници, жена и дете, кои ги затекнал на станица од градскиот превоз. Тој е втор човек кој е поврзан со неуспешниот напад што една терористичка група го подготвувала да го изврши во Франција, соопшти белгиското федерално обвинителство.

Обвинетиот Абдерман А. е ранет во ногата за време на големата полициска акција во средата, а белгиската телевизијата „Ер-те-бе-еф“ тогаш јави дека тој кај себе имал експлозивни материјали.

Првиот човек на Шарбек, Бернард Клерфајт тогаш соопшти дека уапсениот е поврзан со терористичките напади во Брисел, но и со организацијата која подготвувала напади во близина на Париз.