Македонија Облачно време со врнежи од дожд и снег, температура до осум степени

Облачно време со врнежи од дожд и снег, температура до осум степени

Времето денеска ќе биде облачно, претпладне со дожд и снег на повисоките места. Врнежите пообилни ќе бидат во источните делови, а во попладневните часови постепено ќе престануваат.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од нула до осум Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до пет Целзиусови степени.

Нов студен и влажен бран, ќе има утре кога ќе се очекуваат пообилни врнежи во јужните делови. Заради заладувањето, врнежи од снег ќе има и во пониските места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.