Македонија Облачно време со врнежи од дожд

Облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег.

На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од нула до 8 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено силен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 12 степени.