Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјава. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 4 до 15 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со утринска температура околу 7 Целзиусови степени и дневна до 15 степени.