Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 26 Целзиусови степени.