Свет Европа Објавена фотографија од пилотот-херој, веднаш до таа на Лубиц

Објавена фотографија од пилотот-херој, веднаш до таа на Лубиц

Британскиот весник „Дејли мејл“ ја објави првата фотографија од пилотот Патрик Сондхајмер, кој се обидел да го пречи Андреас Лубиц да го урне авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи и со себе да убие 149 луѓе.

Единствената фотографија на која се гледа Сондхајмер (првиот од лево на фотографијата) е снимена е седиштето на „Џерманвингс“ во Келн.

Контроверзија предизвика фактот што неговата фотографија е веднаш до онаа од копилотот Андреас Лубиц, човекот кој намерно го урна авионот и предизвика трагедија од невидени размери.