Економија Објавен тендерот за изградба на гасоводна врска меѓу С.Македонија и Грција

Објавен тендерот за изградба на гасоводна врска меѓу С.Македонија и Грција

Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да и обезбеди посигурно снабдување со природен гас, како и диверзификација на изворите од каде С.Македонија досега го набавуваше гасот

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Европската Унија денеска го објави тендерот за избор на компанија што ќе го гради интерконективниот гасовод меѓу С.Македонија и Грција. Оваа информација вчера ја најави министерот за економија Крешник Бектеши. Тендерската постапка предвидува заинтересираните компании да ги достават своите понуди најдоцна до 1 февруари 2024 година.

Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да ѝ обезбеди посигурно снабдување со природен гас, како и диверзификација на изворите од каде С.Македонија досега го набавуваше гасот, односно руски „Газпром“. Единствената прекугранична гасоводна врска што ја има С.Македонија во моментов е со Бугарија.

Идниот гасовод меѓу С.Македонија и Грција е со должина од 123 километри и ќе се гради на потегот од Неготино преку Гевгелија до Неа Месимвриа во Грција.

На овој начин, во иднина би се обезбедила алтернативна врска за обезбедување на природен гас од идниот ЛНГ-терминал во Грција, како и од гасоводот ТАП кој од Азербејџан преку Турција носи природен гас кон Европа.