Подглавна секција Обединетото Кралство со санкции против Лукашенко и уште седуммина претставници на режимот...

Обединетото Кралство со санкции против Лукашенко и уште седуммина претставници на режимот во Белорусија

Photo by Jana Shnipelson on Unsplash

Обединетото Кралство (ОК) покрена санкции против осуммина претставници на белорускиот режим, од кои првиот е претседателот Александар Лукашенко, поради повреда на човековите права во Белорусија по наместените избори, соопшти Доминик Рааб, министерот за надворешни работи на ОК.

Според Министерството за надворешни работи, санкции има и за синот на белорускиот претседател, како и за други високи државни функционери. Овие мерки се дел од новиот систем на ОК за санкции поради прекршување на човековите права.

Санкциите вклучуваат забрана за патување и привремена заплена на имот за Александар и неговиот син Виктор Лукашенко, како и за Игор Сергеенко, шеф на претседателскиот кабинет.

Слични санкции покрена и Канада.

„Режимот на Александар Лукашенко е одговорен за серија прекршувања на човечките права против опозициски водачи, медиуми и народот на Белорусија, по наместените избори. И покрај бројните повици од меѓународната заедница, тој одби да почне дијалог со опозицијата и наместо тоа двојно ги засили насилните репресалии“, објасни Рааб.