Македонија Заврши обдукцијата на загинатите во авионската несреќа, ќе се утврдува идентитетот

Заврши обдукцијата на загинатите во авионската несреќа, ќе се утврдува идентитетот

Обдукцијата на телата на загинатите патници во авионската несреќа што се случи во близина на селото Кожле заврши, јави „Телма“.

Обдукцијата покажала дека смртта настапила брзо, а жртвите имале тешки механички повреди предизвикани од падот на авионот.

Роднини на загинатите патници треба да пристигнат во Скопје и со помош на ДНК-анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите.

Во истрагата за падот на авионот, освен Јавно обвинителство Скопје, се вклучи и италијанското обвинителство од Тревизо.

Шест лица, од кои пет мажи и една жена, загинаа во падот на авионот „пајпер“ што на 6 септември се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле.