Свет Свет Обама го прекинува престојот во Европа за да го посети Далас

Обама го прекинува престојот во Европа за да го посети Далас

Американскиот претседател Барак Обама ќе го прекине својот престој во Европа за да го посети Далас, каде што пет полицајци беа убиени од снајперисти за време на демонстрациите на црнечката заедница против полициската бруталност.

Од Белата куќа соопштија дека откако ќе заврши НАТО-самитот во Варшава, Обама требало да отпатува во Шпанија, но ќе ги прекине планираните активности за да допатува во Далас на почетокот на идната недела.

Инцидентот се случи пред два дена за време на протестите по убивањето на двајца Aфроамериканци од страна на полицајци.