Свет Обама: Четири месеци пред крајот на мандатот, ме прогонува војната во Сирија

Обама: Четири месеци пред крајот на мандатот, ме прогонува војната во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека четири месеци пред крајот на неговиот мандат, го прогонува хаосот во Сирија.

– Ситуацијата во Сирија постојано ме прогонува – изјави Обама во интервју за „Венити фер“ и додаде дека стотина илјади мртви во Сирија и милионите бегалци го навеле да се запраша дали можело нешто поинаку да се направи за време на изминатите пет-шест години, колку што трае војната во земјата.

Обама ги отфрли критиките дека не реагирал доволно добро, наведувајќи дека носел одлуки во склад со информациите што ги поседувал.

– Меѓутоа, понекогаш се прашувам дали сум можел да најдам поинакви решенија – додаде Обама.

Претседателот на САД три дена престојуваше во Њујорк на генералната дебата на 71. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации и говореше за бегалците, но не се изјасни конкретно за самиот сириски конфликт.

Таа задача му ја препушти на американскиот државен секретар, Џон Кери.