Свет Балкан Обама беше дезинформиран за Македонија од Павлопулос

Обама беше дезинформиран за Македонија од Павлопулос

Македонија беше една од темите за кои разговараа американскиот претседател Барак Обама и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Грчкиот претседател пред Обама ги повтори своите ставови и обвинувања кон македонската влада, критикувајќи за ја обид за присвојување на грчката историја.

– Факт е дека една соседна држава бара име кое освен фалсификување на историјата, шири иредентизам и директно подразбира промена на границите и ја поткопува европската перспектива на таа земја – истакна Павлопулос.

Барак Обама не одговори на овој став на Павлопулос, туку се фокусираше на бегалската криза и на придонесот на Грција во НАТО, како еден од највредните сојузници за одржување на безбедноста во регионот.

Обама и Павлопулос разговараа и за кипарското прашање, грчко-турските односи и за бегалската криза.