Македонија Нухиу: Петмина полицајци позитивни на корона вирус

Нухиу: Петмина полицајци позитивни на корона вирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот Фејсбук профил претпладнево напиша за пет случаи со корона вирус во полицијата. Напомена дека ризик постои во полициската станица „Петровец“.

– Потврдено дека имаме позитивни петмина вработени во полицијата, додека во полициската станица „Петровец” постои реален ризик. Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба – напиша Нухиу на Фејсбук.