Економија Ново задолжување од 5,4 милиони евра кај домашните кредитори

Ново задолжување од 5,4 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска кај домашните кредитори ќе се задолжи за 5,4 милиони евра, преку аукција на државни хартии од вредност.

Ќе бидат понудени тримесечни записи со девизна клаузула, 12 месечни записи, како и обврзници на 10 и на 15 години.

Првиот квартал од 2016 година, вкупниот јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45 проценти од домашниот бруто-производ.