Економија Ново задолжување од 28,94 милиони евра

Ново задолжување од 28,94 милиони евра

Државата денеска повторно ќе се задолжи со 28,94 милиони евра.

На аукцијата на државни хартии од вредност ќе бидат понудени шестмесечни записи со девизна клаузула во вредност од 3,74 милиони евра и шестмесечни записи без девизна клаузула за 8,13 милиони евра.

Пред домашните кредитори ќе бидат понудени и едногодишни записи за 17,07 милиони евра.

Утре за враќање доспеваат 28,99 милиони евра.