Свет Новите карикатури на „Шарли ебдо“ ќе поттикнат омраза

Новите карикатури на „Шарли ебдо“ ќе поттикнат омраза

Новите карикатури објавени во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ ќе „поттикнат омраза“, предупреди египетскиот универзитет „Ал Азхар“ од Каиро, кој е еден од најстарите и најпрестижна сунитоисламска духовна академија.

Според универзитетот, овие карикатури „не служат за мирољубива коегзистенција меѓу луѓето и ја попречуваат интеграцијата на муслиманите во европските и во западните општества“.

Најновото издание на „Шарли ебдо“, кое денеска во милионски тираж се најде во продажба, покажува цртеж на пророкот Мухамед и ги исмејува вооружените исламисти кои минатата недела убија повеќе членови на редакцијата.