Свет Балкан Новинари од Северна Македонија и Грција договорија заедничка борба против дезинформациите

Новинари од Северна Македонија и Грција договорија заедничка борба против дезинформациите

Проблемите со дезинформациите и мерките за борба против нив беше темата на работилница што завчера и вчера се одржа во Солун, со учество на 35 новинари, експерти и претставници на граѓанското општество од Северна Македонија и Грција.

Семинарот го организираа амбасадите на САД во Северна Македонија и Грција, Центарот за глобално поврзување на Стејт департментот, Американската агенција за глобални медиуми и Центарот за европски перспективи, заедно со МИА и грчката државна новинска агенција АМНА.

На работилницата „Оспособување на новинарите за справување со дезинформациите во Грција и Северна Македонија“, во која учествуваа и новинари од приватни медиуми, експерти и претставници на граѓанското општество, меѓу кои и претставник на „Метаморфозис“, се разговараше и за заедничките напори за справување со дезинформациите.

На работилницата беше договорено формирање центар за дигитални комуникации во Солун, чија цел е борбата против дезинформациите.