Македонија Нови 193 новоазразени лица, бројот на ковид случаи е во пораст

Нови 193 новоазразени лица, бројот на ковид случаи е во пораст

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19. Најголем број од заразените се во Скопје – 109. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 49 реинфекции.

„Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (85г) и Берово (76г), починати на ден 13.06.2022 и 20.06.2022. Едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 895.