Македонија Нови 17 случаи на ковид-19 од 2.896 тестирања, оздравени седум, а починато...

Нови 17 случаи на ковид-19 од 2.896 тестирања, оздравени седум, а починато едно лице

Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на ковид-19: Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1. Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.