Македонија Нови 155 случаи на ковид-19, двајца починати и 127 оздравени пациенти

Нови 155 случаи на ковид-19, двајца починати и 127 оздравени пациенти

Со направените 1.845 тестирања за ковид-19 што биле извршени во последните 24 часа, дијагностицирани се 155 нови случаи на ковид-19, од кои 51 се од Скопје, 22 од Гостивар, од Кавадарци 14, од Штип 13, 11 нови случаи се од Куманово, 10 од Тетово, 6 од Охрид, 5 од Македонски Брод, по 4 нови случаи се од Демир Хисар и Прилеп. Струга има 3 нови случаи, исто колку и Кичево, во Неготино, Виница и Дебар по 2 нови случаи, додека по 1 нов случај е утврден во Битола, Гевгелија и Пробиштип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 127 оздравени пациенти, од: Скопје 40, Куманово 17, Штип 22, Прилеп 6, Велес 2, Битола 2, Гостивар 5, Радовиш 10, Крушево 1, Пробиштип 5, Демир Хисар 1, Македонски Брод 3, Кратово 1 и Свети Николе 12.

Починати се две лица, 80-годишен пациент од Скопје и 74-годишен пациент од Штип, кои починале во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.554, бројката на оздравени пациенти е 7.607, на починати е 519, а во моментов во земјава има 3.428.