Македонија Нови 131 заболени од ковид-19, починаа шест лица, а 81 се оздравени

Нови 131 заболени од ковид-19, починаа шест лица, а 81 се оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-20, Штип-5, Прилеп-8, Струга-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-3, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-6, Делчево-10,Кратово-1, Свети Николе-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од: Скопје-27, Дебар-1, Штип-10, Тетово-11, Струга-5, Битола-1, Гостивар-9, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Виница-4, Делчево-3, Кичево-3.

Починати се шест лица, еден пациент од Охрид (56), двајца пациенти од Скопје (63 и 80), двајца од Прилеп (78 и 54) и еден пациент од Штип (82).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.293, бројката на оздравени пациенти е 11.014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.