Главна секција Нови 127 случаи на ковид-19, осуммина починати и 83 оздравени

Нови 127 случаи на ковид-19, осуммина починати и 83 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

Распределено по градови, најмногу нови случаи се откриени во Скопје – 57, Штип има 13 нови случаи, Свети Николе 12, Струга 10, Гостивар 8, Охрид 7 нови случаи, Тетово 6, Куманово и Кичево по 4 нови случаи, Пробиштип и Кратово имаат по 2 нови случаи и Кавадарци и Демир Хисар по еден нов случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје 35, Штип 8, Тетово 33, Велес 1, Гостивар 5, Пехчево 1.

Починати се осум лица – пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст 34, 45, 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент вирусот е потврден постмортем (по смртта). Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.153, бројката на оздравени пациенти е 4.810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.921.

Во моментов дистрибуцијата по градови, на вкупен број случаи и на активни случаи е следнава:
• Скопје 4271, активни 1885
• Куманово 908, активни 240
• Дебар 173, активни 111
• Штип 582, активни 277
• Прилеп 311, активни 62
• Тетово 944, активни 297
• Струга 361, активни 179
• Велес 206, активни 30
• Битола 88, активни 43
• Охрид 238, активни 123
• Кавадарци 29, активни 18
• Гостивар 294, активни 193
• Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 28, активни 19
• Крива Паланка 22, активни 11
• Радовиш 18, активни 14
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 88, активни 20
• Пробиштип 43, активни 27
• Демир Хисар 15, активни 13
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 8
• Свети Николе 197, активни 182
• Кичево 100, активни 83
• Ресен 140, активни 59
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Бројката на активни случаи по општини во Скопје денеска е следна
• Чаир – 280
• Аеродром – 167
• Бутел – 132
• Гази Баба – 195
• Центар – 153
• Карпош – 153
• Сарај – 108
• Кисела Вода – 124
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 105
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 30
• Илинден – 20
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 18
• Зелениково- 12
• Странци – 7
• Нераспределени- 139