Македонија Нови 113 случаи на ковид-19, 259 оздравени и шестмина починати пациенти

Нови 113 случаи на ковид-19, 259 оздравени и шестмина починати пациенти

Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 259 оздравени пациенти, а починати се шест пациенти. Починатите се на возраст од 64г., 22г. и 83г., 72г., 48г., како пациент од Охрид на возраст од 75 години. Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.

„Hа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на министерството.