Свет Балкан Нов бран апсења во Турција

Нов бран апсења во Турција

Турските власти издале налог за апсење на 216 лица, вклучувајќи и поранешни вработени во Министерството за финансии, поради сомневање дека се поврзани со неуспешниот обид за пуч.

Досега се уапсени 17 поранешни вработени во Министерството за финансии, додека властите трагаат по уште 65 лица за наводни врски со мрежата на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен.

Во одвоени акции, властите извеле операции во 40 провинции против „приватни имами“ за кои се верува дека регрутираат членови за мрежата на Ѓулен од редовите на турските вооружени сили.

Анкара го обвинува Ѓулен, кој со години живее во егзил во САД, дека го организирал обидот за пуч на 15 јули минатата година и повеќепати побара од САД да го испорачаат. Ѓулен ја негира вината.
По обидот за пуч, повеќе од 50.000 лица се ставени во притвор до почетокот на судењето, додека околу 150.000 се сменети или суспендирани од позициите во војската, јавниот и во приватниот сектор.