Видео Норвешка ќе гради тунел за големи бродови

Норвешка ќе гради тунел за големи бродови

Норвешка планира на својот западен брег да изгради тунел за бродови долг 1,7 километар за да се избегне тешкото минување околу полуостровот Стад, наведува „Визит Норвеј“.

Тунелот би бил висок 37 метри, што е доволна висина за низ него да минат големите крстосувачи и други патнички и товарни бродови.

Лошите временски услови најчесто го отежнуваат минувањето на бродовите околу полуостровот, а проектот треба да ја зголеми безбедноста во пловните води.

Се проценува дека изградбата ќе чини околу 115 милиони евра.