Македонија Нимиц неделава во Скопје на средба со државниот врв

Нимиц неделава во Скопје на средба со државниот врв

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, кон крајот на неделава ќе допатува во Скопје, јавува МТВ, повикувајќи се на извори од Вашингтон.

Нимиц, според неофицијалните извори, во Скопје ќе има средби со државниот врв, на кои ќе се разгледаат ставовите за продолжување на преговорите во спорот за името.

Тој, сепак, по посетата на Македонија, нема да отпатува за Атина.

Неодамна, во интервју за грчки весник, посредникот изјави дека решавањето на спротот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата влада во Македонија.