Македонија Нимиц ќе даде изјава по средбите со Заев и со Димитров

Нимиц ќе даде изјава по средбите со Заев и со Димитров

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името Метју Нимиц утринава се сретна со премиерот Зоран Заев. По ова медијаторот ќе се сретне и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

По двете средби предвидена е изјава за медиумите.

Нимиц, кој од саботата е во четиридневна посета на Скопје, претходно изјави дека целта на неговата посета е да ја испита подготвеноста за сериозен напредок во разговорите меѓу Скопје и Атина за спорот за името.

Медијаторот вчера имаше средба и со претседателот Ѓорге Иванов, на која македонскиот претседател соопштил дека неопходно е стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите за спорот за името и дека е потребно да се создаде „позитивен амбиент за подобро разбирање и за почитување“.

По посетата на Скопје, Нимиц ќе замине за Атина, на покана на грчката влада.