Македонија Ни Институтот за јавно здравје не ги испитувал штетите од палењето на...

Ни Институтот за јавно здравје не ги испитувал штетите од палењето на депонијата во Шутка

Фото: Мета.мк

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) до вчера не презел мерки за испитување на штетите од загадувањето на воздухот и животната средина по палењето на депонијата во Шуто Оризари неколку пати во изминативе седници, известува „Порталб“.

– Не, досега немаме реализирано никаква активност за тестирање нешто во тој регион  – вели професорот Драган Ѓорѓев од ИЈЗ.

На прашањето од „Порталб“ зошто не е спроведено тестирање на штетата, професорот Ѓорѓев одговара дека не било побарано.

– Не постои такво барање до мене. Никој не поднел. Иако барањата се јавни, тие треба да бидат доставени до архивата, а потоа мора да бидат доставени до мене. До мене такво барање не е пристигнато. Треба да има барање од граѓаните, за да можеме да изведеме тестирање  – објасни Ѓорѓев.

Инаку, едно од барањата на жители на Визбегово што „Порталб“ ги објави во петокот е Институтот за јавно здравје да направи проценка на штетата од палењето на депонијата. Барањата беа доставени и до општинските раководства на Шуто Оризари и Бутел, но досега нема никаква проценка.

Од друга страна, пак, минатата недела започна преселбата на дел од депонијата во Шутка, но и тоа се стопираше, а депонијата и вчера гореше.

Проблемот со депонијата ги натера жителите да се организираат и во саботата реализираа еколошка акција.