Македонија Силен ветер и дожд урнаа дрвја и бандери на улиците во Скопје

Силен ветер и дожд урнаа дрвја и бандери на улиците во Скопје

Невреме проследено со силен дожд, ветер и со град го зафати Скопје во попладневните часови.

Урнато дрво и бандери можеа да се забележат на улицата Киро Крстевски – Платник пред Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во центарот на градот.

Силниот дожд ги поплави и улиците, со што го отежна движењето на граѓаните и на автомобилите.

Од УХМР утринава најавија дека во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд и за грмежи.