Македонија Нема починати од ковид-19, девет нови случаи и 10 оздравени

Нема починати од ковид-19, девет нови случаи и 10 оздравени

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.743 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на ковид-19: Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.