Македонија Нема информации за настрадани македонски државјани во земјотресот во Мексико, соопшти МНР

Нема информации за настрадани македонски државјани во земјотресот во Мексико, соопшти МНР

Македонската амбасада во Соединетите Американски Држави до овој момент нема сознанија за македонски државајни погодени од земјотресот во Мексико, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи.

„Македонската амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации. Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефонски броеви: 00 1 202 390 7418 и 00 1 202 667 0501“, стои во соопштението на МНР.

Во катастрофалниот земјотрес, со магнитуда од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди централниот дел на Мексико, според последните податоци, загинале 216 лица во главниот град Мексико Сити и во државите Пуебла, Мексико и Морелос.