Проверка на факти Не е докажано дека израелскиот лек е 100 отсто ефикасен против Ковид-19

Не е докажано дека израелскиот лек е 100 отсто ефикасен против Ковид-19

Израелска компанија откри лек кој се покажа 100 отсто ефикасен против Ковид-19… Ова е уште една од неточните информации што кружат последниве денови – терапијата со  клетки PLX навистина е тестирана кај пациенти со Ковид-19, но сè уште не е одобрена како 100 отсто ефикасен третман против болеста, пишува Порталб.мк.

Веста беше објавена од неколку албански медиуми, а информацијата исто така се споделува на Фејсбук.

Компанијата со седиште во Хаифа, „Плуристем Терапеутикс“, вели дека лекот се тестира на пациенти во САД, но нема никакво тврдење дека овој третман, наречен Плуристем терапија со плацентални клетки (Pluristem Placental Cell Therapy), е 100 отсто ефикасен против Ковид-19.

И медицинската заедница вклучена во третманот на болеста и големите организации, вклучително и Светската здравствена организација, не тврдат дека клеточната терапија PLX е 100 отсто ефикасна.

Автор: Дрен Гргури