Економија Наумов се сретна со претседателката на ССК, Арсовска

Наумов се сретна со претседателката на ССК, Арсовска

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска се сретна со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

На средбата се зборувало за актуелните состојби во стопанството и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Наумов бил информиран за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се однесуваат на надлежност на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии, како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа.

Заедничка била определбата дека компаниите не смеат да трпат негативни последици од политичката нестабилност во државата. Во наредниот период инспекциските органи мораат строго професионално да ги извршуваат обврските од своја надлежност.

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се ставил на целосно располагање на македонските компании во случај да се соочат со политички притисоци за време на предизборниот период.

Соговорниците заклучиле дека домашните компании треба да бидат основата за пораст на македонската економија и во тој контекст е потребна поголема поддршка за нивниот развој во иднина.