Свет Свет НАТО: Русија ја продолжува војната во Сирија

НАТО: Русија ја продолжува војната во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска оцeни дека со поддршката што Русија му ја дава на сирискиот претседател Башар ал-Асад ја продолжува војната во Сирија и ја повика Москва да се придружи во борбата против терористичката организација Исламска држава.

Столтенберг изјави дека нарушувањата на воздушниот простор на Турција и на НАТО се неприфатливи и дека Алијансата е загрижена заради воените интервенции на Русија на Блискиот Исток.

Тој денеска говореше на состанокот на Парламентарното собрание на НАТО во норвешкиот град Ставангер.

Столтенберг ја повика Москва да „одигра конструктивна улога“ во борбата против Исламска држава, наведувајќи дека „поддршката на режимот на Асад не е конструктивна и само ја продолжува војната“.