Свет Европа НАТО ќе биде со Украина додека е потребно, а светот ќе плаќа...

НАТО ќе биде со Украина додека е потребно, а светот ќе плаќа висока цена ако победи Русија

Фото: НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во Брисел изјави дека НАТО ќе продолжи да ѝ дава силна поддршка на Украина за нејзината одбрана од руската агресија, споменувајќи дека во случај на победа на Русија целиот свет би плаќал висока цена со години.

Пред состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО што ќе се одржи следната недела, Столтенберг рече дека зајакнувањето на поддршката за Украина ќе биде главна тема на тој состанок, чии учесници ќе се занимаваат и со акциите на Кина, зајакнувањето на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, и прашањето за влезот на Финска и Шведска во Алијансата.

Столтенберг најави дека министрите ќе посветат најголемо внимание на илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност.