Свет Балкан Наследниците на СФРЈ го продаваат имотот на меѓународен тендер

Наследниците на СФРЈ го продаваат имотот на меѓународен тендер

Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора постигнаа договор за продажба на дипломатско-конзуларните имоти на поранешна СФРЈ што се наоѓаат во Токио, Бон, Берн и во Њујорк, вклучувајќи го и шестсобниот апартман на Менхетен.

Недвижностите на поранешна Југославија, чија вредност пред 10 години била проценета на 42 милиони долари, ќе бидат продадени на меѓународни тендери.

Од вкупно 123 недвижности, земјите наследнички досега поделиле 72, а нераспределени останале уште 51. Поголемиот дел од овие недвижности ги користи Србија.

Наредниот состанок за продажба на недвижности треба да се одржи во март следната година во Белград.